Го претепаа и не можеше да игра на СП, ама соиграчите не го заборавија!

Хрватска по 16 години одново ќе има шанса да се бори за светско злато, откако во полуфиналето ја совлада големата Франција со 31-28.

По натпреварот следуваше прослава на теренот со навивачите и во соблекувалната, а соиграчите не го заборавија голманот Матеј Мандиќ, кој требаше да игра на овој Мундијал.

Десното крило Филип Главаш го прослави триумфот во голмански дрес токму од Мандиќ. Голманот не можеше да биде навреме подготвен за СП поради тепачката што се случи во ноември во Загреб.

Мандиќ беше нападнат од поранешниот соиграч Милош Кос, кој му ја скрши вилицата, па беше спречен да се појави на подготовките со националниот тим.

Хрватска в недела против Данска или Португалија во Осло ќе се бори за злато.