Го повлече тимот од терен среде натпревар и доби суспензија од една година!

Српскиот Ракометен Сојуз ги потврди казните за инволвираните во инцидентот и прекинот на мечот меѓу Дубочица Лесковац и Црвена Ѕвезда во тамошниот шампионат.

Некогашниот вардарец, а сега спортски директор на Црвена Ѕвезда, Огњен Кајганиќ, е казнет со една година суспензија, додека клубот ќе плати и 3.000 евра парична казна.

Тренерот на Црвена Ѕвезда, Недељко Матиќ оди на ладење 15 дена, додека Милош Бујишиќ и Душан Андрејевиќ се казнети со по еден натпревар неиграње.

Ова е епилог по случувањата во Лесковац, кога мечот беше прекинат во 44. минута при водство на Дубочица со 25-22.

Тогаш Кајганиќ незадоволен од делењето на правдата на Мошорински и Панџиќ ја повлече екипата од терен и мечот не се недоигра, а многу веројатно ќе биде регистриран со 10-0 службена победа за Дубочица.

🎥 Хаос и прекин на натпревар во Србија, екс играч на Вардар во центарот на вниманието!