Го напушта бродот што тоне: Бојана Поповиќ се сели во Романија!

Црногорскиот првак Будуќност се наоѓа пред распад и тешко дека во догледно време ќе се најде решение за лошата ситуација.

Прва повлече нога Бојана Поповиќ, која ако им се верува на романските медиуми, ќе се пресели во Глорија Бистрица.

Таму тренер е Флорентин Пера, а Поповиќ која замина и од селекторската функција во женската репрезентација на Црна Гора, треба да биде во неговиот стручен штаб

Покрај Поповиќ, во Глорија се пресели и руската репрезентативка Валерија Кирдашева, која го раскина договорот со Будуќност и замина во Романија.