Го елиминираа Тиквеш, ја минаа и втората евро-пречка и се пласираа во ТОП 16 во Европскиот Куп

Изминатиот викенд беа одиграни 16 реванш натпревари од третата рунда во Европскиот Куп во машка конкуренција.

Австрискиот Кремс, кој во второто коло го елиминираше македонскиот претставник Тиквеш, ја мина и третата пречка и се пласираше во осминафиналето.

Кремс дома славеше со 30-28 против исландскиот Вестманејар, а на гости имаше реми што беше доволно за прогрес.

Најинтересно беше на мечот меѓу Бешикташ и Сесвете, кој заврши со ист резултат како првиот дуел во Хрватска, па патникот во ТОП 16 се решаваше на пенали.

Понатаму продолжија унгарскиот Ференцварош, романските Баја Маре, Стеауа, српската Металопластика, босанските Вогошча и Слобода Тузла.

Дури четири екипи што беа дел од летниот турнир во Охрид – Металопластика, Олимпијакос, Бешикташ и Татран Прешов се пласираа во осминафиналето на Европскиот Куп.

Европски Куп, 3 коло, резултати:

Берн (Швајцарија) – Ференцварош (Унгарија) 33-29, 24-33
Хафнарфјордур (Исланд) – Бохолт (Белгија) 35-26, 33-36
Баја Маре (Романија) – Динамо Панчево (Србија) 33-23, 25-29
Мотор Запорожје (Украина) – Валур (Исланд) 31-35, 28-33
Стеауа Букурешт (Романија) – Линц (Австрија) 33-23, 31-30
Трогир (Хрватска) – Олимпијакос (Грција) 26-27, 28-36
Металопластика (Србија) – БК46 (Финска) 31-29, 30-30
Брегенц (Австрија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка) 33-29, 28-29
Кремс (Австрија) – ИБВ Вестманејар (Исланд) 30-28, 32-32
Леотар (Босна и Херцеговина) – Карвина (Чешка) 27-28, 21-28
Сесвете (Хрватска) – Бешикташ (Турција) 34-27, 27-34 пен.2-4
Слобода Тузла (Босна и Херцеговина) – Спор Тото (Турција) 34-25, 27-28
Висе (Белгија) – Крка (Словенија) 27-31, 31-37
Вогошча (Босна и Херцеговина) – Брно (Чешка) 30-23, 27-29
Татран Прешов (Словачка) – Афтурелдинг (Исланд) 27-24, 28-25
Бриксен (Италија) – ВИФ (Фарски Острови) 37-35, 38-37