Шпанскиот Елче е нов освојувач на трофејот во Европскиот Куп во женска конкуренција и го наследи турскиот Коњалти на тронот.
Елче, кој во четвртфиналето го елиминираше македонскиот првак Ѓорче Петров, во финалето беше подобар од словачкиот тим Јувента Михаловце.
На првата средба беше 22-20 за шпанскиот тим, додека во реваншот исто така славеше Елче, поубедливо, со 28-22.
Ова е третпат во последните четири сезони шпански тим да слави трофеј во ова натпреварување, откак во 2021 триумфираше Малага, а во 2022 година најдобра беше Гран Канарија.