Гигов и ПАОК ја продолжија победничката серија

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот интернационалец Виктор Гигов, ја продолжи победничката серија во грчкиот шампионат.

ПАОК на домашен терен во Солун беше подобар од составот на Пилаја со убедливи 28-20, откако и на полувреме водеа со 14-11.

За екипата на Гигов ова беше петта победа во серија во шампионатот на јужниот сосед и сега ПАОК е трет на табелата.

Пред тимот од Солун се АЕК и Олимпијакос, на две кола пред крајот на регуларниот дел, но ПАОК веројатно во полуфиналето од плеј-офот ќе се соочи со АЕК Атина.