Гигов го однесе ПАОК во финалето на Купот на Грција!

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот интернационалец Виктор Гигов, ќе се бори за трофејот во Купот на Грција.

ПАОК славеше против составот на Дукас со 27-22, најмногу по одличната партија на нашиот чувар на мрежата.

Гигов успеа да одбрани 11 удари на противничкиот тим, и по ремито на полувреме 11-11, ПАОК во вториот дел комплетно го надигра ривалот.

Ривал на ПАОК Солун ќе биде составот на Драма, кој во второто полуфинале славеше против Панелиниос на Владимир Трајкоски со 32-29.