Бундеслигаот Фуксе Берлин денеска објави дека е продолжен договорот со една од најголемите ѕвезди – Матијас Гидсел.
Данецот, кој во тимот на ,,лисиците” пристигна во сезона 2022/23, со раководството на Фуксе Берлин се договори на долгорочна соработка.
Гидсел во бундеслигашот ќе остане најмалку до летото, 2029 година, па така до своите 30 години ќе настапува во еден од најдобрите европски клубови.
По штотуку завршеното СП, на кое Данска го одбрани златото, а Гидсел повторно одигра одлично, се појавија шпекулации дека Данецот е мета на неколку богати клубови.
Сепак, Фуксе Берлин успеа во својот план да го задржи Данецот и во наредните четири години.