Гичевска во форма пред репрезентативните настапи – најдобра против Залау

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска игра во одлична форма во романскиот шампионат.

Таа беше најдобар стрелец на натпреварот кој нејзиниот тим Стинта Букурешт го загуби на гости кај Залау со 29-24.

Гичевска постигна шест погодоци и беше меѓу лидерите на теренот, но немаше голема поддршка од своите колешки.

Стинта Букурешт има лош старт со шест порази во романскиот шампионат, а следен предизвик ќе биде дуелот со Магура Чиснадие по ЕХФ неделата.