Македонската репрезентативка Леонида Гичевска ова лето направи трансфер во романската екипа Стинта Букурешт.
Таа досега одигра пет натпревари во романскиот шампионат и меѓу најдобрите стрелци на екипата.
Во статистичката категорија на просечен број на погодоци од девет метри на еден меч, македонската репрезентативка е на високото второ место.
Гичевска има постигнато 3.6 погодоци од девет метри на петте меча досега, и се наоѓа пред многу познати имиња.
Подолу на листата се Кристина Неагу, Матеа Плетикосиќ, Естевана Полман, Миреја Гонзалес, Емили Арнцен…