Гевгеличани ги освоија бодовите во Струмица

Ракометарите на Партизан Гевгелија победнички го започнаа настапот во плеј-аут фазата од прволигашката конкуренција.

Гевгеличани на гостувањето во Струмица кај Астраион триумфираа со 37:33 (18:16), а победата ја обезбедија со подобрата игра во финишот од натпреварот.

Двете екипи имаа свои моменти, но гостите подобро се снајдоа во завршницата, па така со освоената победа го зголемија бодовното салдо, сега имаат 12 бода.

Прво име во победничката екипа беше Илија Пејковски со девет погодоци, по седум имаа Никола Анакиевски и Јован Гетов, а пет реализации имаше Иван Велев.

Марко Стојанов ја предводеше листата на стрелците во поразениот табор со седум погодоци, еден помалку имаа Гоце Аргиров и Христијан Ефтимов.