Според пишувањата на германскиот „Билд“, репрезентативецот на Италија, Лео Прантнер, би требало да ги засили редовите на Фуксе Берлин.
Италијанецот, кој имаше забележителен настап на Светското првенство 2025, стана интересен за неколку силни клубови.
Најверојатно, неговата промоција во дресот на „лисиците“ би требало да биде за едно до две недели.
Прантнер моментално го носи дресот на Балинген, а на Мундијалот ја водеше Италија до пласман во главната фаза.
Десното крило настапот на Светското првенство го заврши со 37 постигнати погодоци и беше најзаслужен за пласманот во ТОП 16.