Ѓер на шопинг во Бундес лигата

Амбициозниот тим на Ѓер, кој се бори за излез на европска сцена, во следната сезона ќе биде посилен со Жолт Краковски.

22-годишното лево крило на унгарската репрезентација ќе се врати во својот роден град по настапите во германскиот Вецлар.

Краковски во бундеслигашот го имаше првото интернационално искуство, таму се пресели минатото лето и требаше да остане најмалку до 2026 година.

Сепак, двете страни се договорија секој да си продолжи по својот пат, па така, Краковски повторно ќе настапува во унгарскиот шампионат.

Во наредната сезона во унгарскиот тим ќе пристигне и поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан.

Ѓер оваа сезона посакуваше подобар пласман, но ќе мора да се избори за едно од местата што водат во Европа.