Георгиевски: Сите знаеме што значи двобојот со Еурофарм Пелистер – верувам во позитивен резултат

Вардар ќе го пречека Еурофарм Пелистер в сабота во најголемото дерби на македонскиот ракомет и ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на актуелниот шампион на домашна сцена.

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски, ветува максимална подготвеност и верува во позитивен резултат.

„Сите знаеме дека не чека најголемото дерби на Македонија. Можам да кажам дека ние како екипа се подготвуваме како и за секој друг противник. Знаеме што значи овој дуел и можам да ветам дека ќе бидеме максимално подготвени и фокусирани. Се надевам дека ќе бидеме потполно здрави, игравме со нив на Струшкиот турнир, но ова ќе биде сосема поинаква приказна. Верувам во позитивен резултат и ги повикувам сите љубители на ракометот и нашите верни навивачи да не поддржат в сабота и заедно да се радуваме“, изјави Георгиевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Недановски: Притисок секогаш има – но може да го победиме Еурофарм Пелистер