Тимот на ПАОК Солун, каде што играат двајцата македонски интернационалци, Виктор Гигов и Дарко Георгиевски, забележа две победи по ред во грчкиот шампионат.
ПАОК славеше најпрво на гости кај Ксанти со 33-24, а македонскиот лев бек постигна шест погодоци.
Потоа тимот од Солун на домашен терен со минималец беше подобар од Врилисија, 21-20, а Георгиевски постигна третина од головите – седум.
ПАОК сега има 11 бода на шестото место, но разликата со Диомидис кој со 14 е на четвртото место, последно што води во плеј-оф, не е голема.
АЕК и Олимпијакос се на делба на првото место со по 18 бодови, додека потоа следуваат Драма, Диомидис и Јоникос.