Нант остана без средни бекови!

Тимот на Нант ќе биде во големи проблеми пред осминафиналниот двобој со Висла Плоцк во Лигата на шампионите.

Пред дуелот со Данкерк во францускиот шампионат, се повреди средниот бек О’Брајан Њиато, кој беше донесен како „медикал џокер“.

Тој беше единствен класичен среден бек во составот, откако се повредија Рок Овничек, Лукас Де Ла Бретеш и Ојмерик Мин.

Сега стратегот на Нант, Грегори Кожан, ќе мора да комбинира со другите бекови што ги има на располагање – Милосављевиќ, Бонефон, Лагард, Брие, Бос…

Природата на повредата на Њиато и должината на паузата, допрва ќе бидат утврдени.