Французите ги „пецкаат“ Швеѓаните – фотографија со голот на Пранди „поставена“ во Лувр

Селекцијата на Франција славеше против Шведска по продолженија со 34-30 и обезбеди место во финалето на Европското првенство во Германија.

Многу контроверзи предизвика погодокот на крајот на регуларниот дел на Елохим Пранди за реми од слободен удар.

Швеѓаните сметаат дека погодокот не требаше да биде признат, а Французите продолжуваат да ги „пецкаат“.

Една таква провокација беше објавена на социјалните мрежи. Французите се шегуваат дека слика со погодокот на Пранди ќе биде поставена во музејот Лувр.

Ривал на Франција во финалето ќе биде селекцијата на Данска, додека во битката за третото место на ЕП ќе се соочат Германија и Шведска.