Еден од фаворитите за освојување на златото на СП, репрезентацијата на Франција, се наоќа на чекор до четвртфинале на Мундијалот, откако во првото коло од главната фаза славеше над Унгарија со 37:30.
Ниту во еден момент избраниците на Родригез не се заканија и по првите 30 минути кренаа раце од натпреварот. Французите на полувреме имаа предност од 23:15 и во второто полувреме дозволија само ривалот да се избори за помал пораз.
Унгарија во 2. коло од главната фаза ќе игра против Австрија, додека Франција втората победа, со која ќе го завери пласманот во четвртфиналето, ќе ја бара на дуелот со Катар.
Франција во главната фаза пренесе максимални четири бода, додека Унгарците три, од кои еден бод од натпреварот со Македонија.