Фраде на долг рок во Барса

Португалскиот репрезентативец Луиш Фраде ќе остане уште долго време во каталонскиот гигант Барселона.

Фраде се обврза на нов договор на три сезони и ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2029 година.

Тој потекнува од Агуаш Санташ, две сезони до 2020 ги бранеше боите на Спортинг Лисабон, а потоа се пресели во Шпанија.

Во следната сезона одново ќе заигра со Лудовик Фабрегас, кој се враќа во Барса по три сезони во Веспрем.