Фленсбург го ангажираше првото засилување за следната сезона

Екипата на Фленсбург, која на европска сцена игра во Лигата на Европа, денес се пофали со првото засилување за следната натпреварувачка сезона.

Ново име во Фленсбург од сезона 2024/25 ќе биде репрезентативецот на Данска, десниот бек Никлас Киркелоке.

29-годишниот ракометар на Европското првенство 2022 против Македонија ја одигра една од најдобрите партии на големите натпреварувања и во мрежата на „црвено жолтите” постигна девет гола.

Данецот моментално е член на Рајн Некар, клуб во кој пристигна во текот на 2019 година од ГОГ Гудме.

Раководството на Фленсбург и искусниот ракометар се договорија на тригодишна соработка, па така Киркелоке ќе има можност повторно да соработува со тренерот Крикау.

Киркелоке во Флензбург ќе биде седмиот ракометар од Данска, моментално дресот на бундеслигашот го носат неговите сонародници – Матијас Гидсел, Емил Јакобсен, Кевин Молер, Јохан Хансен, Мадс Ларсен, Ласе Мелер и Лукас Јоргенсен.