Филип Лазаров и Интерактив врзаа две победи во Германија

Тимот на Интерактив Хендбол, кој е предводен од македонскиот стратег Филип Лазаров, врза две победи во Третата лига на Германија.

По триумфот минатото коло на гостински терен кај составот на Алдекерк со 34-30, Интерактив славеше и против Хомбург со 34-33.

На мечот на домашен терен против Хомбург доминираа балканските ракометари, па Грбавац, Нуиќ и Мариќ имаа по седум погодоци.

Интерактив на Лазаров сега е на 11 место на табелата со биланс од четири победи и пет порази, а следниот меч го игра на гости кај Дансенберг.