Европскиот првак се извлече од сензационална елиминација, ФТЦ славенички во Франција

Екипите на Вајперс Кристијансад, ЧСМ Букурешт, Битигјхајм и Ференцварош обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите кај дамите.

За потсетување, директно место во четвртфиналето имаа обезбедно Ѓер, Мец, Оденсе и Есбјерг.

Актуелниот бранител на титулата Вајперс Кристијансад со голот на Луис Абинг одигра реми против Дебрецин, 27:27.

На првиот дуел, кој беше одигран минатиот викенд во Унгарија, норвешкиот шампион забележа минимален триумф од 29:28.

Битигхјам по победата на првиот дуел против Икаст од 29:27, денеска успеа да ремизира, 31:31, со што си обезбеди пласман во четвртфиналето.

Очекувано, словенчкиот шампион Крим двапати загуби од ЧСМ Букурешт, додека Фернецварош на Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ успеа да го елиминира Брест Бретањ.

Лига на шампиони, жени, осминафинале, резултати:

Кристијансанд – Дебрецин 27-27
Икаст – Битигхајм 31-31
ЧСМ Букурешт – Крим 30-24
Брест Бретањ – Ференцварош 26-31

Во Лигата на Европа кај дамите беа одиграни реванш дуелите од четвртфиналето, по што се познати сите патници на Ф4 турнирот. За трофејот ќе се борат екипите на Дунареа Браила, Глорија Бузау, Сторхамар и Нант.

Лига на Европа, жени, четвртфинале, резултати:

Глорија Бистрица – Мошонмаѓаровар 27-25
Сторхамар – Турингер 33-26
Сола – Нант 30-29
Дунареа Браила – Подравка 26-25

Во Европскиот Куп во машка конкуренција беа одиграни првите дуели од четвртфиналето, а блиску до ТОП 4 се екипите на Баја Маре и Олимпијакос.

Европски Куп, мажи, четвртфинале, резултати:

Баја Маре – Брегенц 37-31
Олимпијакос – Крка 31-26
Ференцварош – Татран Прешов 32-29
Стеауа Букурешт – Валур 35-36