Ференцварош создава дрим-тим, доаѓаат Дмитриева, Глосе, Канор, Маслова…

Финалистот од минатата сезона во Лигата на шампионите, унгарскиот Ференцварош, е на добар пат да има дрим-тим од лето.

На унгарскиот тим не му оди најдобро оваа сезона во елитната конкуренција, па раководството посакува да го надгради актуелниот ростер со неколку квалитетни засилувања.

Според „Upskill Handball“, во своите редови ги посакува двете руски репрезентативки – средниот бек Дариа Дмитриева од Крим и Валерија Маслова од Брест Бретањ.

На мета на Ференцварош се уште и левиот бек Орлан Канор од Рапид Букурешт, како и голманката на ЧСМ Букурешт, Лора Глосе.

Во унгарскиот клуб со успех настапуваат и двете поранешни вардарки – Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ.