Нов шок за Келце, Сичко заработи сериозна повреда на коленото!

Нема крај на лошите вести за полскиот шампион Келце и тренерот Талант Душебаев пред клучниот период од сезоната.

На натпреварот против Гвардија Ополе, сериозна повреда на коленото заработи левиот бек Симон Шичко. Тој веднаш беше пренесен во болница, каде по извршените прегледи се потврдени најлошите прогнози.

Лигаментите на левото колено се оштетени, а дополнително ќе биде утврдено дали се само истегнати или скинати.

Доколку е првото, тогаш Сичко би можел да се врати на терен на почетокот на мај, а доколку е најлошото тогаш за него сезоната е завршена и рехабилитацијата ќе трае шест до осум месеци.

Тренерот на Келце, Талант Душебаев, сега ќе мора да се потпре на услугите на Даниел Душебаев на левата бековска позиција, а се очекува по повредата да се врати и Хасан Кадах. Таму може да одиграат и Игор Карачиќ и Хаукар Трастарсон.