Фарски Острови носат навивачи во Скопје

Се ближат двата меча од баражот за СП 2025 година меѓу Македонија и Фарски Острови на 8 и 12 мај.

Првиот натпревар е на програмата во Торшавн, додека реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот ќе се игра во Скопје.

Во СЦ „Борис Трајковски“ покрај македонските навивачи, и гостите од Фарски Острови ќе имаат поддршка од трибините.

Иако имаа можност да дојдат повеќе, федерацијата на Фарски Острови најави дека околу 100 нивни навивачи ќе допатуваат во Скопје и ќе ги бодрат своите миленици.

Наптреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 мај од 19:00 часот.