Фантастична партија на Кукуловски во Чешка

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски имаше фантастична партија во дресот на Брно во чешкиот шампионат.

Тој беше најдобар стрелец со девет постигнати голови во тимот на Брно на натпреварот против Хранице.

На крајот сепак Брно мораше да му честита на ривалот, кој славеше со 29-25 во натпревар од 14 коло.

Сега Брно е трет со 18 бодови, зад Плзен и Карвина кои имаат по 23, а следен предизвик ќе биде домашниот натпревар со Ловосице.