Фантастична партија на Гигов – сам му донесе триумф на ПАОК!

Македонскиот голман Виктор Гигов продолжува со одличните партии во шампионатот на јужниот сосед во дресот на ПАОК.

Тимот од Солун славеше на гостински терен кај Пилаја со 30-23, а најголемите заслуги за бодови одат на адреса на македонскиот голман.

45-годишниот чувар на мрежата успеа да одбрани 15 удари на противничкиот тим и го откажа од борбата за позитивен резултат.

ПАОК сега има серија од четири победи по ред, вкупно пет во сезоната и се наоѓа на петтото место на табелата со 11 бода.