Европското првенство за жени што требаше да се игра во Русија, поради актуелната ситуација во тој регион, ЕХФ и го одзема и го додели на дури пет земји, што е најмногу во досегашната историја на континетналните шампионати.
Романија, Турција, Полска, Чешка и Словачка ќе бидат домаќини на 24 селекции од Европа, меѓу кои и Македонија.
Покрај тоа што за првпат пет земји ќе бидат домаќини, ЕП 2026 ќе биде историско и по друг факт – за првпат ќе се игра во три различни временски зони.
Полска, Чешка и Словачка се во иста часовна зона и натпреварите ќе започнуваат во стандардните термини од 18:00 и 20:30 часот.
Романија е час напред, па вечерните дуели би почнувале во 21:30 часот, што исто така е доцна, но Турција е два часа напред и би било нереално во групата во Анталија вечерните натпревари да почнуваат во 22:30 часот.
Затоа веројатно таа група во Анталија ќе ги користи термините од 15:30 и 18:00 часот, односно по турско време 17:30 и 20:00 часот.
Ждрепката за групите на ЕП 2026 ќе се одржи в четврток со почеток од 18:00 часот во полскиот град Катовице, што ќе биде домаќин на прелиминарна група, група од главната рунда и финалниот викенд на ЕП.

























