Европските купови пак на сцена – „сино-белите“ од Автокоманда во полуфинална битка

По ЕХФ неделата и квалификациите за СП 2025, овој викенд на ред се четвртфиналните средби од женската Лига на шампиони, а исто така ќе се играат и полуфиналните двобои во машкиот Европски Куп, каде што Македонија има свој претставник во тимот на Кирил Лазаров.

По елиминацијата на Рапид Букурешт на Сара Ристовска, Македонија нема свој претставник во женската ЛШ, а најинтересно се очекува да биде на францускиот двобој меѓу Брест и Мец, како и на оној меѓу ЧСМ Букурешт и Есбјерг.

Покрај дуелите од женската ЛШ, за време на викендот ќе бидат одиграни и двете средби од полуфиналето на Европскиот Куп во машка конкуренција, а на Велигден ќе биде одиграна првата средба меѓу „сино-белите“ и норвешкиот Рунар Сандефјорд.

Таа средба е закажана за в недела од 19:00 часот во Автокоманда, а во второто полуфинале, АЕК во Атина ќе го пречека босанскиот Извиѓач.

По ден пауза во понеделник, во вторник на програмата ќе бидат првите четвртфинални средби од машката Лига на Европа, додека во среда и четврток ќе се одиграат натпреварите од истата фаза и од Лигата на шампионите кај мажите.

Лига на шампиони, жени, четвртфинале:

19/04, 16:00, Лудвигсбург – Ѓер
19/04, 18:00, Брест Бретањ – Мец
20/04, 14:00, ЧСМ Букурешт – Есбјерг
20/04, 16:00, Оденсе – Ференцварош

Европски Куп, мажи, полуфинале:

19/04, 16:00, АЕК Атина – Извиѓач Љубушки
20/04, 19:00, Алкалоид – Рунар Сандефјорд

Лига на Европа, мажи, четвртфинале:

22/04, 18:45, Мелсунген – Бидасоа Ирун
22/04, 18:45, ГОГ Гудме – Фленсбург
22/04, 20:45, Порто – Монпелје
22/04, 20:45, Лимож – Кил

Лига на шампиони, мажи, четвртфинале:

23/04, 18:45, Магдебург – Веспрем
23/04, 20:45, Нант – Спортинг Лисабон
24/04, 18:45, ПИК Сегед – Барселона
24/04, 20:45, Фуксе Берлин – Алборг