Европскиот првак повторно шокиран, Дебрецен го изненади Брест

Во рамки од 6. коло од Лигата на шампионите најголемо изненадување приредија екипите на Мец и Дебрецен.

Екипата на Мец на гостувањето во Норвешка кај актуелниот бранител на титулата, тимот на Вајперс Кристијансад, приреди сензација и славеше со два гола разлика, 36:34.

Вајпрес Кристијансад во претходното коло одигра само реми против Крим, а на 30 септември беше поразен од Есбјерг.

Мец со победата над Вајперс Кристијансад останува во игра за првата позиција на табелата во групата Б. Францускиот тим сега има осум бода, додека екипите на Есбјерг и Икаст, кои се наоѓаат на првото и второто место, на свое конто имаат 10 бода.

Изненадување приреди и Дебрецен, кој на свој терен славеше против Брест Бретањ со 31:24.

За третиот клуб од Унгарија во Лигата на шампионите победата против Брест Бретањ беше многу важна, бидејќи со новите освоени бодови ги зголеми шансите за пласман во следната фаза од европската елита.

На останатите натпревари победа остварија екипите на Ѓер, ЧСМ Букурешт, Оденсе, Рапид Букурешт, Есбјерг и Ференцварош.

Лига на шампионите, жени, 6. коло, резултати:

Група А

Савехоф – Ѓер 26:29 (8:13)

Будуќност – ЧСМ Букурешт 24:29 (12:17)

Дебрецен – Брест Бретањ 31:24 (15:14)

Оденсе – Битингхајм 42:29 (18:14)

Група Б

Вајперс – Мец 34:36 (17:14)

Рапид – Крим 27:22 (15:13)

ФТЦ – Икаст 37:36 (20:17)

Заглебје – Есбјерг 24:36 (14:17)