Европскиот првак откако се спаси од банкрот почна да се „расфрла“ со пари

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад откако ја надмина финансиската криза веќе започна со создавањето на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Раководството на актуелниот шампион на Норвешка денеска го објави петтото засилување. Ново име во Вајперс Кристијансад ќе биде репрезентативката на Холандија, Лариса Нусер.

Холанѓанката редовите на Вајперс Кристијансад ќе ги засили од Оденсе, клуб во кој настапува од сезона 2021/22, а нејзините одлични партии во Лигата на шампионите беа клучни за да биде ангажирана од норвешкиот шампион.

Нусер игра на позицијата среден бек и во составот на Вајперс Кристијансад ќе остане најмалку две сезони, односно до летото, 2026 година.

Вајперс Кристијансад претходно ја договори искусната Силје Солберг, како и Нина Копанг, Миа Еменегер и Мартине Андерсен.