Викендов се комплетираа натпреварите од третото коло во третото по ранг европско клупско натпреварување, Европскиот Куп.
По елиминациите на Тиквеш и Охрид, „сино-белите“ од Автокоманда останаа единствен македонски тим што се проби во ТОП 16.
Македонскиот освојувач на трофејот во Купот, двата меча со младата екипа од Австрија, Вест Виен, ги играше во Скопје, па немаше проблеми со две победи да обезбеди место во следната фаза.
Тимот на Раховец од Косово, каде што тренер е Горан Андоновски, а игра Стефан Атанасовски, славеше изненадувачки кај романската Баја Маре, но тоа не беше доволно да се комплетира сензацијата.
Понатаму продолжија три грчки екипи – Диомидис Аргус, АЕК Атина и Олимпијакос, додека сензација приреди кипарскиот Анортозис, кој го елиминира Винтертур.
Пенали се изведуваа во Љубушки, каде домаќинот победи со еден гол разликата во регуларниот дел, а во пелал рулетот беше подобар од украинскиот Мотор Запорожје.
Европски Куп, 3 коло, резултати:
Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија) 31-38, 40-35
Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција) 19-23, 33-36
Алкалоид (Македонија) – Вест Виен (Австрија) 38-27, 32-29
Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија) 21-23, 24-29
Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија) 37-28, 32-36
Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) 33-32, 41-39
Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина) 33-30, 32-21
Кремс (Австрија) – Партизан (Србија) 25-24, 20-30
АЕК Атина (Грција) – Ловќен Цетиње (Црна Гора) 45-26, 41-31
Бриксен (Италија) – Ловосице (Чешка) 32-26, 34-29
Полва Сервити (Естонија) – Бешикташ (Турција) 26-24, 27-32
Хаукар (Исланд) – Кур (Азербејџан) 30-25, 38-27
Мистра (Естонија) – Јерусалем Ормож (Словенија) 30-34, 26-35
Повашка Бистрица (Словачка) – БК46 (Финска) 28-31, 26-34
Потаиса Турда (Романија) – Олимпијакос (Грција) 27-32, 31-27
Рунар Сандефјорд (Норвешка) – Целје (Словенија) 41-28, 30-32