Европа денеска го добива новиот женски шампион

Денеска е завршниот ден на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите кај дамите. Во финалето ќе играат екипите на Ѓер и Битигхјам, кои во полуфиналето беа подобри од Есбјерг, односно Мец.

Тимот на Ѓер во своето седмо финале на завршните турнири ќе атакува на шеста титула во европската елита, додека Битигхјам како дебитант со пласманот во финалето веќе испиша историја, но германскиот тим денеска ќе посакува со трофеј да си замине од Будимпешта.

Ѓер и Битигхајм играа во иста група во првиот дел од сезоната, на двата натпревари триумфираше унгарскиот вицепрвак, на првиот победи со 34:26, додека на вториот со два гола разлика, 31:29.

За третото место ќе играат Есбјерг и Мец, двете екипи во сезона 2021/22, исто така на Ф4 турнирот во Будимпешта, се сретнаа во натпреварот за бронзата. Францускиот клуб тогаш беше поуспешен со 32:26.

Во групниот сегмент во оваа сезона, првиот натпревар го доби Есбјерг, а тимот на Мец му се реваншира на данскиот клуб на реванш дуелот.

Финалниот натпревар е закажан за 18:00 часот, додека за третото место за 15:00 часот.

Последните три сезони титулата во Лигата на шампионите ја освојуваше норвешкиот шампион Вајперс Кристијансад.