Од денеска па до 15 јуни ќе се одиграат завршниците во сите три купа на Европската ракометна федерација.
Први стартуваат дамите со Ф4 во Лигата на Европа во австрискиот град Грац, а потоа на програмата ќе бидат финалните натпревари од Европскиот Куп во двете конкуренции.
Македонија има свој претставник кај мажите, „сино-белите“ од Автокоманда, кои играат против грчкиот АЕК Атина на 18 и 25 мај.
Тој викенд ќе се одигра и завршниот турнир во Лигата на Европа кај мажите, во германскиот град Хамбург.
Јаготката на шлагот ќе бидат Ф4 турнирите во Лигата на шампионите, најпрво женскиот во „МВМ Арена“ во Будимпешта, а две недела подоцна ќе се игра и машкиот во „Ланксес Арена“ во Келн.
Сигурно ќе има многу возбудувања…
Лига на шампиони, мажи, Ф4, распоред:
14/06, 15:00, Фуксе Берлин – Нант
14/06, 18:00, Барселона – Магдебург
15/06, 15:00, за трето место
15/06, 18:00, финале
Лига на шампиони, жени, Ф4, распоред:
31/05, 15:00, Ѓер – Есбјерг
31/05, 18:00, Мец – Оденсе
01/06, 15:00, за трето место
01/06, 18:00, финале
Лига на Европа, мажи, Ф4, распоред:
24/05, 15:00, Мелсунген – Фленсбург
24/05, 18:00, Кил – Монпелје
25/05, 15:00, за трето место
25/05, 18:00, финале
Лига на Европа, жени, Ф4, распоред:
03/05, 15:00, Бломберг – Икаст
03/05, 18:00, Турингер – Дижон
04/05, 15:00, за трето место
04/05, 18:00, за финале
Европски Куп, мажи, финале, распоред:
18/05, 18:00, АЕК Атина – Алкалоид
25/05, 20:30, Алкалоид – АЕК Атина
Европски Куп, жени, финале, распоред:
10/05, 17:00, Порињо – Валур
17/05, 17:00, Валур – Порињо