Еве кои екипи ќе играат во ТОП 16 во Европскиот Куп, Обрван ја внесе Подравка во групите од ЛЕ

Изминатиот викенд на европска сцена беа одиграни голем број натпревари во Лигата на Европа и во Европскиот Куп во женска конкуренција, по кој се познати учесниците во групната фаза во ЛЕ, како и сите осминафиналисти во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Македонскиот претставник Ѓорче Петров славеше на гости во Белгија кај Ојпен со 45-39, а дома со 48-36 и се пласираше во ТОП 16 во Европскиот Куп.

Актуелниот бранител на титулата во овој куп, Коњалти Анталија со триото Македонки – Ивана Гакидова, Елена Ѓорѓиевска и Моника Килдан Јанеска, загуби кај шпанскиот Гранољерс со 29-25 и беше елиминиран.

Гакидова не беше во ростерот за оваа средба, Јанеска имаше два гола , додека Ѓорѓиевска еднаш се запиша во листата на стрелците. Претходно беа елиминирани и тимовите на Феникс од Малта (Митрова, Ефтимов, Иванџикова) и Јонијас од Грција (Зарков).

Европски куп, 3 коло, резултати:

Јонијас (Грција) – Елче (Шпанија) 23-27, 27-33
Бенфика (Португалија) – Неистин (Фарски Острови) 34-27, 33-25
Јенимале (Турција) – Макаби Аразим Рамат Ган (Израел) 10-0, 10-0
Ајдовшчина (Словенија) – Херцогенбуше (Швајцарија) 35-24, 21-20
ИБВ (Исланд) – Мадеира (Португалија) 19-33, 23-36
Феникс (Малта) – Салерно (Италија) 17-39, 19-37
Кинзварт (Чешка) – Вестфрисланд (Холандија) 31-24, 30-23
Слован Дусло Сала (Словачка) – Бјеловар (Хрватска) 30-27, 22-30
Бриксен (Италија) – Јаликавак (Турција) 27-36, 19-28
Венло (Холандија) – Криваја (Босна и Херцеговина) 39-19, 30-15
Гран Канарија (Шпанија) – Дуго Село (Хрватска) 34-23, 22-20
Коњалти (Турција) – Гранољерс (Шпанија) 29-27, 25-29
Ојпен (Белгија) – Ѓорче Петров (Македонија) 39-45, 36-48
Eриче (Италија) – Изола (Словенија) 26-19, 25-23
Рудар (Црна Гора) – Пилаја (Грција) 29-28, 22-26
Јувента Михаловце (Словачка) – Истогу (Косово) 43-18, 47-18

Во Лигата на Европа, Андреа Седлоска и Локомотива Загреб со двојна победа над швајцарскиот Брул одат во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување, додека Марија Тасевска и Јагодина со двоен пораз од полскиот Лублин ја завршија европската одисеја.

Во групната фаза место обезбедија и Подравка предводена од екс селекторот на Македонија, Ивица Обрван, потоа унгарскиот Ваци, романските екипи Дунареа и Таргу Жиу, норвешките Сола и Сторхамар, француските Шамбре и Нант, шпанската Малага, како и германскиот Бенсхајм.

Директно пласирани во групите беа екипите на Никобинг, Турингер, Мошонмаѓаровар и Глорија Бистрица.

Лига на Европа, 3 коло, резултати:

Брул (Швајцарија) – Локомотива Загреб (Хрватска) 23-28, 20-25
Ваци (Унгарија) – Кастамону (Турција) 37-21, 33-32
Сторхамар (Норвешка) – Хор (Шведска) 37-28, 36-32
Бенсхајм (Германија) – Олденбург (Германија) 27-19, 28-25
Малага (Шпанија) – Копенхаген (Данска) 29-29, 25-20
Јагодина (Србија) – Лублин (Полска) 20-36, 24-44
Шамбре Турен (Франција) – Мост (Чешка) 33-20, 27-27
Борусија Дортмунд (Германија) – Дунареа Браила (Романија) 24-25, 22-27
Нант (Франција) – Молде (Норвешка) 45-28, 30-24
Сола (Норвешка) – Бера Бера (Шпанија) 39-32, 28-34
Шпоно Иглс (Швајцарија) – Подравка (Хрватска) 17-26, 26-32
Онередс (Шведска) – Таргу Жиу (Романија) 27-29, 23-26