Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер не прифати одложување на дерби натпреварот против Вардар. „Црвено-црните“ пријавија дека имаат проблеми со вирус во клубот и дури 15 ракометари не се способни за настап, па затоа побараа официјално одложување.
Иако имаа тешко гостување во Лигата на шампионите, битолчани се подготвени за натпреварот, а поради регуларност на натпреварувањето и според член 13 од пропозициите, одлучија да не го прифатат предлогот за одложување
„Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.
Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот“, се вели во соопштението.