Екипата на Еурофарм Пелистер без многу проблеми обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако убедливо триумфираше против Радовиш со 50:25 во финалниот натпревар од четвртфиналната група.
Домаќинот излезе со комбиниран состав и победата ја најави уште во првите 30 минути. Избраниците на Алонсо на пауза заминаа со предност од 25:10 и рутински го одработија вториот дел.
Еурофарм Пелистер во победата беше предводен од Павле Петровиќ со осум погодоци, седум постигна Жарко Пешевски, а шест реализации имаше Дејан Манасков.
Кај Радовиш се истакна Антонио Сантос со седум погодоци, два помалку имаа Игор Чеселиов и Густаво Фереира.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
Еурофарм Пелистер – Радовиш 50-25
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
27/04, 19:30, Oхрид – Тиквеш