Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ПСЖ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер им се враќаат на обврските во Лигата на шампионите и во среда на свој терен ќе го пречекаат најбогатиот европски клуб ПСЖ.

Пелистерци иако не прикажаа задоволителни резултати во првиот дел од тековната сезона во елитата, сепак, по вчерашната победа над Вардар во домашниот шампионат, сигурно ќе се обидат со помош на публиката да ги изненадат „светците“.

Битолскиот тим веќе денес ги пушти во продажба билетите за натпреварот со францускиот тим и за краток период се очекува да биде распродадена салата „Боро Чурлевски“.

Поединечните билети по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба, односно на следниот ЛИНК.

Од Еурофарм Пелистер истакнаа дека сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра на 14 февруари, со почеток од 18:45 часот.