Еурофарм Пелистер 2 триумфално низ Струмица за „чиста петка“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја запишаа петтата победа во прволигашката конкуренција и остануваат главни фаворити за камбек во елитното друштво.

Битолчани во Струмица кај Астраион славеа со убедливи 39-22 и сега имаат пет триумфи на пет меча, за лидерското место на табелата во групата А со десет бода.

По нерешените 7-7, гостите се одлепија на плус четири, 11-7 и потоа се беше полесно. До паузата избраниците на Александар Зарков ја задржаа разликата, 16-12, а во вториот дел комплетно го надиграа домаќинот и постигнаа дури 23 гола.

Десет гола имаше Марко Димовски за победничкиот тим, а Ненад Белистојаноски додаде уште осум, додека кај Астраион се истакна Наков со седум погодоци.

Во следното коло, Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека составот на Јехона, додека Астраион е слободен.