Еурофарм Пелистер 2 со втор триумф над Струга

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на вториот пријателски натпревар против Струга – екипа што ќе биде дел од плеј-офот.

Вториот битолски тим триумфираше на гостински терен со 33-27, откако и на полувремето водеше со 18-13.

Гостите доминираа во првиот дел, имаа и водство од седум гола, а во второто полувреме Струга успеа да намали на минус два, но немаше сили за комплетен камбек.

Во првиот меѓусебен натпревар битолчани славеа со 29-19. На овој натпревар во нивниот тим фалеа Мартин Ивановски и Самоил Ристевски, додека во составот на стружани недостигаше искусниот Златко Мојсоски.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се бори за опстанок во Супер лигата, додека Струга ќе биде дел од разигрувањето за титулата.