Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката низа во прволигашката конкуренција и очигледно дека ќе ја завршат сезоната без загубен бод.
Избраниците на Александар Зарков славеа на гостувањето кај Скопје со убедливи 53-18, а победникот беше познат уште по гостинското водство со 8-0.
До паузата беше 25-8, а второто полувреме беше непознато само уште колку гола ќе постигнат битолчаните во скопската мрежа.
Во победничкиот состав, само голманите не се запишаа во листата на стрелци, а најмногу голови даде Ненад Белистојаноски – десет, а девет пати стрелаше Бојан Гичев.
Во составот на Скопје по шест погодоци постигнаа Андреј Кочески и Георгиј Николовски.