Eурофарм Пелистер 2 ита кон Супер лига!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 покажаа дека немаат конкуренција во Првата лига, откако на домашен терен славеа против Младост Богданци со 41-22 во втората рунда од плеј-офот.

Победникот на овој натпревар беше решен уште по првиот дел, кога битолчани водеа со девет гола разлика, 20-11.

Второто полувреме беше само формалност и рутинско одработување на задачата, како и шанса за минутажа за сите ракометари.

Најдобри стрелци кај победникот беа младинските репрезентативци Ненад Белистојаноски со 11 и Мирче Калајџиески со седум гола, додека кај Младост се истакна искусниот Гамзардија со седум погодоци.

На табелата битолчани имаат 20 бодови, пред „витамините“ од Автокоманда кои се втори со 15.