Естонскиот селектор крои тактика: Мораме да биде агресивни во одбраната против Македонците!

Прв предизвик во оваа ЕХФ недела за машката репрезентација на Македонија ќе биде гостувањето кај Естонија во Талин.

Избраниците на Кирил Лазаров мора да слават на овој дуел за да останат во трка за второто место, иако претходно ќе го знаат резултатот од средбата меѓу Литванија и Словенија.

Селекторот на Естонците, Мартин Нодла, вели дека мора да се игра поагресивно против нашите ракометари во одбрана.

„Имаме големи недостатоци на левата страна. Решивме да му дадеме шанса на Кермо Саксинг, кој овојпат ќе мора да носи поголем товар. Ние сме во иста ситуација како минатиот пат. Додека во март натпреварите беа меѓу плеј-офот од Балтичката лига, сега сме во одлучувачката фаза на домашниот шампионат. Треба да можеме психички да ги подготвиме играчите и да се надеваме дека пролетното сонце ќе донесе позитивно расположение на теренот. Нашиот главен фокус и понатаму е на првиот меч пред домашната публика против Македонија. Бевме премногу пасивни во одбраната против истиот противник на гостински терен. Ние треба да бидеме поагресивни и да ја направиме нашата одбрана покомпактна. Се обидуваме да им го намалиме времето за донесување одлуки и да правиме што помалку технички грешки. Иако ова е се разбира лесно да се каже во теорија, ќе мора да се обидеме да ги спречиме брзите голови на противникот“, заклучи Нудла.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра утревечер во Талин од 18:00 часот.