Селекторот на Естонија, Мартин Нодла го објави списокот на ракометари за последните две средби од квалификациите за ЕП 2026.
Естонија ќе игра со комбиниран тим, предводен од ветеранот Јанима, но нема многу од играчите што беа дел од тимот на квалификаиите, па задачата на Македонија во Талин ќе биде олеснета.
Најдобрите двајца стрелци од мечот во Скопје, Карл Том и Јирген Руба нема да играат поради повреда, а отсутни се Александер Пертелсон, Алфред Тимо, Расмус Отса и Андрис Челминш.
Го нема ниту Матс Патраил, кој не ги игра овие квалификации, но се враќа Денер Јанима, десниот бек кој во моментов игра во Кувајт, па прашање е во каква форма е во моментов.
Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.