Селекторот на репрезентацијата на Естонија, Мартин Нодла, го објави списокот на ракометари што ќе играат на натпреварот против Македонија.
Нодла смета на 17 ракометари, а меѓу нив не е најдобриот естонски ракометар во историјата, Маит Патраил.
Тој нема нов клуб откако замина од бундеслигашот Ајзенах на крајот на минатата сезона, па ќе ги пропушти средбите со Македонија и Словенија.
Но иако не е тука Патраил, Естонија ќе смета на двајцата интернационалци, левиот бек Карл Том и искусниот десен бек Денер Јанима, кои играат заедно во клубот од Кувајт, Сулаибикат.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра на 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.