Поранешната ракометарката на Вардар, Тамара Мавсар, останува верна на словенечкиот шампион Крим.
Двете страни се договорија да ја продолжат соработката, па така искусното лево крило во Крим ќе остане уште најмалку две сезони.
Мавсар во оваа сезона се врати во редовите на нејзиниот матичен клуб и во досегашниот тек од Лигата на шампионите зад своето име запиша 28 погодоци.
Искусната ракометарка една сезона го носеше дресот на Вардар и со „црвено-црниот“ тим настапи на Ф4 турнирот во Будимпешта.
32-годишната ракометарка во својата кариера беше дел и од унгарскиот Шиофок, додека најголемиот дел од кариерата го мина токму во клубот од Љубљана.