Екс вардарката Лекиќ на чекор до клубот „1000“

Екс ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ, која моментално го носи дресот на Ференцварош, досега има постигнато 986 погодоци во Лигата на шампионите.

На искусната ракометарка и недостасуваат уште 14 гола за да влезе во „Клубот 1000“, во кој сѐ уште Јованка Радичевиќ, легендарната Анита Гербиц и романската репрезентативка Кристина Неагу.

Фернецварош до крајот од регуларниот дел од Лигата на шампионите ќе одигра уште осум натпревари, па за очекување е дека Лекиќ ќе ја надмине границата од 1000 погодоци.

Србинката најмногу погодоци за една сезона постигна токму во дресот на „црвено-црните“.

Лекиќ во првата сезона во Вардар постигна 85 погодоци и го водеше некогашниот македонски првак до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Поранешната репрезентативка на Србија во Вардар мина пет сезони, потоа играше за ЧСМ Букурешт, Будуќност и Крим Меркатор.

Радичевиќ и се придружи на Гербиц во клубот „1000“