Црногорската репрезентативка Итана Грбиќ во новата сезона ќе ги брани боите на својот матичен клуб Будуќност.
Грбиќ, која во младинските категории играше за црногорскиот првак, сениорската кариера ја почна во Вардар во 2014 година и остана во Скопје две сезони.
Потоа се врати првпат дома, одигра три сезони, па замина во романскиот ЧСМ Букурешт и вториот камбек во матичниот клуб се случи во 2020 година.
Во Подгорица остана една сезона, го облече дресот на Ференцварош, па оној на францускиот Брест Бретањ, а последните две сезони ги минува во Крим.
Сега третпат се враќа во Будуќност и се очекува да биде една од носителките на играта во тимот на Бојана Поповиќ.