Управниот Одбор на Ракометниот Сојуз на Србија донесе неколку важни одлуки на последната своја седница.
Меѓу нив и одлуката за Сања Дамњановиќ, некогашната вардарка, која во иднина ќе биде директорка на женската репрезентација на Србија. Taа ја заврши кариерата во романската Баја Маре, а освен за Вардар, играше и за Крим, Подравка, Виборг, Шиофок…
УО на РСС ги разреши досегашните селектори Урош Брегар и Борис Ројевиќ, како и целите нивни стручни штабови, па во иднина на српската клупа кај мажите и жените ќе има многу нови лица.
Селекторот на младинците, Далибор Чутура, ќе биде привремено решение за четири меча од квалификациите за ЕП 2026 на машката клупа пред да ја преземе Раул Гонзалес.
Бојан Бељански ќе биде асистент на Чутура кај младинците, додека кадетите добија нов селектор во името на Драган Суџум.