Поранешниот член на Вардар, Анте Гаџа, го продолжи договорот со амбициозниот клуб од Швајцарија, Вакер Тун.
Гаџа, кој во редовите на Вакер Тун пристигна во текот на септември оваа година, ги задоволи критериумите на стручниот штаб и си доби нов договор.
Двете страни се договорија соработката да биде продолжена до јуни, 2027 година, па така Гаџа во Швајцарија ќе остане уште најмалку две и пол сезони.
Искусниот ракометар лани беше во комбинација за камбек во Македонија, но тој трансфер не се реализира.
Средниот бек во кариерата има настапувано за Иваниќ Град, Загреб и Нексе во два наврати, а освен дресот на Вардар, го носеше и дресот на Ал Нор од Саудиска Арабија.